Monday, May 25, 2009

Куп финале на македонија во фудбал

Екипата на работнички Кометал е старо нов освојувач на купот на македонија.
Романтичарите вчера на Градски го совладаа овогодинешниот шампион Македонија Ѓорче петров и тоа по изведувањето на пенал рулетот во кои играчите од дебар маало имаа повеќе среќа.Ѓорчевци први поведоа со голот на Клечкаровски , но во 90 мин израмни Сашко Пандев братот на многу попознатиот наш интернационалец Горан Пандев.Се замина на продолженија кои не донесоа ништо поинтересно па се прејде кон изведување на пенали во кои клучниот пенал за Македонија го промаши играчот Даниел Јовановски.



Меѓутоа она што сакав да го напишам е сосема од друга гледна точка а тоа е дали овие екипи заслужија да играат во финалето на купот на македонија.Според вчерашната престава тоаа воопшто не е заслужено , затоа што присутните актери не прикажаа ништо со што го оправдаа присуството во финалето.Она што го видоа гледачите на градскиот стадион вчера меѓу кои бев и јас беше многу прекини, лежење,виткање по теренот односно се друго освен фудбал за кои беа дојдени.И тука веднаш се поставува прашањето до каде ке стигнат мак екипи во европа кога покажуваат многу слаб квалитет, односно кога една екипа која е шампион прикажува игра како второлигаш и што ке се случи кога ке се сретнат со останатите екипи од другите земји кои исто така се шампиони.За ова треба да се запраша ФФм и да превземе нешто конкретно за подобрување на ситуацијата инаку јасно е што не очекува а тоа е ДЕБАКЛ..За организацијата на стадионот да не зборуваме тоа се опишува со еден збор КАТАСТРОФА , врне од сите страни , покрив има само на една трибина , накиснати навивачи кои одвај чекаат да преврне за да се вратат на стадион и после Хари ке се прашува зошто нема публика на стадионите.Епа хари среди ја малку ситуацијата и можеби публиката ке се врати на стадионите.Замислите се ова се случува на Градски нашиот најдобар стадион а штом е тука така може да сватите што се случува на другите стадиони, Можеби и се игра на ливади меѓутоа ова не е за потсмев туку треба да се свати сериозно работата и да се превземе нешто во врска со конкретниот случај бидејќи очигледно е дека тие што се задолжени за тоа немаат намера да превземат нешто во скоро време , а сепак добиваат и понатака подршка од народот подршка која негативно се одразува на резултатите и квалитетот на лигата.Од сето ова губи само македонскиот фудбал

Интернет навивачи или сепак мрзи

Интернет навивачи или кога компјутерите ќе ја заменат трибината. Проблем што се јавува не само во македонскиот интернет простор туку и на сите останати навивачки форуми.
Може ли да се дефинира интернет навивачот? Многу тешко. Но затоа може да се издвојат некои карактеристики кои не треба да ги красат оние што самите се нарекуваат фанови.
Прво и основно, воопшто не го разбираат значењето на интернетот како медиум кој може да им послужи како место каде ќе ја презентираат својата работа, ќе се споредат со другите, ќе го кажат своето мислење, ќе изнесат аргументи, некогаш ќе влезат во расправија. Напротив тие го користат интернетот како примарен медиум преку кој ќе ги одвиваат сите свои активности често без никакво присуство на самиот стадион. Мислат дека тоа што го пишуваат е исто како реално да се случило. Навивачкиот живот е повеќе од седење пред компјутер и посетување на веб страни. Тоа не те прави навивач. Ултрас, уште помалку.
Љубовта кон клубот е она што те води. Како ли може да се навива за неколку клубови истовремено? Можеби да симпатизираш да, но сакаш само еден. Добро, претежно се тие деца кои немаат повеќе од 17-18 години, но тие се оние кои треба некогаш да бидат на првите редови на трибината. Како ли да се објасни тоа што избираат гледање на фудбал на ТВ пред одење на стадиони? Или, зошто не беше на натпревар? „Не ме пуштаа од дома“, „Ладно беше“ .... Па едно од најважните навивачки правила е секогаш со својот клуб без разлика на приликите, меѓутоа очигледно за тоа кај нас нема доволен интерес или пак реално мак фудбалот не заслужува да има навивачи според квалитетот кој го дава.
Треба да живееш за денот на натпреварот.
Навивач не те прави ниту тоа ако правиш некоја акција само за да ја презентираш на интернет. Кореографиите, знамињата, транспарентите се прават заради клубот и да се мотивираат играчите, да се направи подобра атмосфера. Мене апсолутно ништо нема да ми значи некоја порака ако никој не ја види на стадион.
Биди пријател со сите на интернет. Непријателството остави го за на трибина,покажување на твоето право лице на трибина е нешто со што треба да се гордееш.
Самиот одлучи , биди независен, биди свој ОДИ НА ТРИБИНА

Sunday, May 24, 2009


Навивачите на Волсбург ја прославуваа првата титула

Волсбург ја слави првата титула




Играчите на Волсбург вчера ја прославија својата прва титула во Германската Бундес лига.Тие со супериорна игра го совладаа Вердер во последното коло од првенството со 5-1.Првото полувреме го добија со 3-1 а главен инспиратор беше Графите кој го постигна вториот а беше најзаслужен за потигнувањето на третиот гол.Во вториот дел Графите и Џеко стрелаа уште по еднаш за заслужена победа а со тоа и титула.Новиот шампион Волсбург е големо изненадување во Германија затоа што на почетокот на ова сезона најголеми шанси му се даваа на Баерн Минхен кој во изминатите неколк години доминираше во Бундес лигата.Она што е интересно е фактот дека тренерот на Волсбург Феликс Магат по освоената титула си заминува од клубот.Како најзаслужни за оваа титула се споменуваат двајцата напаѓачи на Волсбург-Џеко и Графите кои заедно имаат постигнато 54 гола, и секако го привлекуваат вниманието на сите Европски гиганти.

Saturday, May 23, 2009

Јувентус загриза за Пандев

Ѕвездата на Македонскиот фудбал и на Римски Лацио Горан Пандев е цел на повеќе Европски гиганти. Иако челните луѓе во Лацио даваат се од себе да го задржат во своите редови,се поизгледно е дека тој ова лето ќе ги промени клубските бои.Веќе од поодамна тој се поврзува со преселба во Баерн од Минхен,Атлетико Мадрид,Реал и Рома. Во трката за неговиот потпис се вклучи и Јувентус.Тие се во моментов и најсериозни кандидати за негов трансвер а се наоѓаат во попволна позиција од останатите конкуренти затоа што имаат неколку играчи во својот состав интересни за Лацио.Аргентинецот Алмирон и Јакинта двајцата играчи на Јувентус се споменуваат како можни опции за размена кои би ја олесниле преселбата на Пандев во Торино.Како и да се оствари долгонајавуваниот трансвер на нашиот љубимец тоа ќе биде одлично, затоа што тој одамна заслужи да настапува во најквалитетните Европски клубови.

Friday, May 22, 2009


Еве ја најновата фризура на Марио Балотели. Тој иако има само 19 години игра клучна улога во тимот на Интер и му се предвидува блескава кариера.Тој е роден 1990 год. во Палермо Италија а има потекло од Гана.Веќе има настапено за Италијанската младинска фудбалска репрезентација и со тоа го губи правото да настапи за било која друга репрезентација. Ова е уште еден пример како големите репрезентации ги придобиваат младите и талентирани фудбалери во своите редови.

Wednesday, May 20, 2009

Најпосакуваната трансфер мета


Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез сеуште член на Манчестер Јунајтед е желба на сите големи европски клубови.Тој јавно го изрази своето незадоволство и желба да си оди од Олд Трафорд.Незадоволен од односот на Сер Алекс Фергусон спрема него аргентинскиот ас вели дека не го добил почитувањето кое го заслужил.Со една нога излезен од Манчестер наголемо се шпекулира за неговата иднина.Потврда за неспорните квалитети на Тевез се многубројните понуди од сите големи фудбалски клубови.Сепак како фаворит за неговиот потпис се споменува тимот на Лверпул кој е спремен да одвои бомбастични 50 милиони евра негова преселба на Енфилд Роуд.Ако овие претпоставки се остварат тогаш тој ке биде првиот играч кој би преминал од Манчестер во нивниот најлут ривал Ливерпул.Тевез во својата кариера има настапувано во Бока Јуниорс,во бразилскиот Коринтијанс и Вест Хем Јунајтед.

Шахтојр нов шампион во Купот на UEFA


Екипата на Шахтјор е нов шампион во купот на Уефа.Тие по продолженијата успеаа да ја совладаат екипата на Вердер од Бремен со резултат 2-1.По 90 минути игра резултатот беше 1-1.Шахтјор поведе со голот на Луиз Адриано во 25 та минута а 10 минути подоцна израмни Налдо од слободен удар.Во 7 та минута од првото продолжение Шахтјор повторно поведе преку Жадсон, а Вердер значително ослабен со неиграњето на Диего,Метесакер и Хуго Алмеида до крајот немаше ниедна сериозна прилика за израмнување.На овој начин Шахтјор стана првиот Украински тим што го освоил ова натпреварување а воедно и последниот тим што ќе го подигне овој пехар затоа што Купот на Уефа од следната година зема нов формат.

Ех Хари Хари

УО за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација го назначи досегашниот селектор на младата селекција Мирсад Јонуз, кој функцијата ќе ја извршува професионално до крајот на квалификацискиот циклус за СП 2010г.
УО ги прифати неговите услови , 5 илјади евра годишна плата и избор на свои соработници

А ние и понатаму може да сонуваме дека ќе имаме добри резултати во фудбалот. Тоа само на сон, додека имаме политика во фудбалот.Селектор кој само 10 души го сакаат Срамота. Губи се Хари, затоа што со тебе мак фудбалот само може да загуби а не да добие, затоа после навиваме за Италии, Германии, Србии и Хрватски на ЕП и СП , со тебе на чело на ФФМ, тоа не е репрезентација на Македонија, тоа е твој клуб. Твој тренер, твои наредби, твои желби, а сето тоа се одразува преку резултатите кои ги постигнува нашата репрезентација .
И повторно се поставува прашањето како преку ноќ Мирсад Јонуз дојде на местото селектор на македонската репрезентација , кога на сите анкети убедливо водеше македонската легенда Чеде Јаневски , меѓутоа ова е Македонија земја во која очигледно не функционираат работите како во секој нормален свет , туку овде функционираат измами, превари ,симулации и слично а се додека така функционираме ке бидеме заостанати зад развиениот и современ фудбалски свет , со ваква управа на ФФМ и не е чудо што почнавме да губиме Андора, Исланд и сл , кој знае можеби ке загубиме и од Фарски острови...Хари и се е можно.
Едно неможам да сватам никако , а тоа е
КАКО МОЖЕ ЧОВЕК КАКО ХАРИЛАМПИЕ ХАЧИРИСТЕВСКИ СЕУШТЕ ДА Е ПРЕСЕДАТЕЛ НА ФФМ И ПОКРАЈ ТОА ТОЈ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ДО 4 ГОДИНИ мандат со кој уште повеке може да го унакази мак фудбалот меѓутоа очигледно тоа не засега никого затоа што никој не превзема ништо,за да ја промени конкретната ситуација...

Tuesday, May 19, 2009

Анализата на Арсен Венгер за големото финале


Долгогодишниот тренер на Арсенал ,Арсен Венгер во една своја изјава вели дека клучната разлика меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона во финалето од лигата на шампионите ќе биде во одбраната.Тој вели дека цврстата одбрана на Манчестер и нивната способност да казнуваат од контра напади е еден голем плус во едно финале."Манчестер треба да го направи она што го направи Челзи во полуфиналето,да го неутрализира нападот на Барселона и да ги сведе шансите за гол на минимум."вели французинот за официјалната страна на Арсенал.Но вака можеби тој би ја поставил играта на својот тим ,за разлика од него Сер Алекс Фергусон не размислува толку дефанзивно и има 10 дена да ги одмори своите играчи пред финалето.Тој најавува игра својствена за Јунајтед со брзи контри и многу шанси кон голот на Барселона.На нас ни останува да се надеваме дека ќе гледаме право финале со многу фудбалска убавина.

Фергусон со втор тим ќе гостува кај Хал

Сер Алекс Фергусон вели дека со резервниот тим ќе настапи на гостувањето кај Хал, бидејќи следната среда Јунајтед го игра финалето од Лигата на Шампионите против Барселона во Рим
На Хал му е потребна победа против Манчестер Јунајтед за да го осигура опстанокот во Премиер лигата следната сезона.

Фудбалерите на Фил Браун можат да опстанат и со реми, па дури и со пораз во зависност од резултатот на Њукасл против Астон Вила.

Позитивни вести за Хал стигнуваат од Сер Алекс Фергусон кој ќе ги одмори своите најдобри фудбалери за финалето од Лигата на Шампионите против Барселона.

Сепак и резервниот состав на Јунајтед е доволно силен за да го совлада Хал.

"Ова е најдобриот состав кој некогаш сум го имал" - изјави Фергусон.

"Можам да извадам два тима, и тоа ќе се види во недела".

"Имам фантастичен состав од 28-29 фудбалери од кои можам да одбирам, меѓу нив се, Македа, Велбек, Посебон и близнаците Да Силва".

"Знам дека тие се млади, но се многу добри фудбалери. Мораме да бидеме сигурни дека во финалето во Рим ќе излеземе со свеж тим, веќе ја освоивме Премиер лигата па можеме да го направиме тоа" - изјави Фергусон.

извор:24 фудбал

Хил Вуд: Венгер останува во Арсенал

Претседателот на Арсенал, Питер Хил Вуд не е загрижен од можноста да го загубат Арсен Венгер кој е цел на Реал Мадрид

Венгер цврсто се поврзува со преселба во Реал ова лето, откако претседателскиот кандидат Флорентино Перез посакува Французинот да биде следниот тренер на тимот.

Менаџерот на Топџиите ги подгреа шпекулациите откако во неделата изјави дека проектот на Перез би бил интересен за секој тренер.

Венгер минатата недела на состанокот на акционерите на Арсенал беше критикуван поради тоа што веќе четврта сезона по ред клубот останува без трофеј.

Хил Вуд застана во одбрана на стратегот и нападна дел од критичарите на тој состанок, но е убеден дека тие нема да влијаат врз иднината на Арсен Венгер на Емирати.

“Не сум загрижен поради тоа.” – рече Хил Вуд за Daily Star. “Арсен е тука и има договор со нас (до 2011), и сигурен сум дека така и ќе остане и во иднина.”

“Мислам дека тој е доволно голем за да прифати дека неколку луѓе не се подготвени да бидат разумни.”

“Мислам дека сите треба да прифаќаме критики, но очекувате тие да бидат разумно конструктивни, а не деструктивни.”

Претседателот на Арсенал исто така го пофали Венгер за начинот на кој се справил со ситуацијата на состанокот на акционерите.

“Искрено, некои од прашањата беа прилични скандалозни.”

“Го имаме нашиот најуспешен менаџер во историјата и двајца или тројца акционери дадоа многу негативни и на некој начин нападни и саркасатични коментари, за кои мислам дека не беа на место.”

“Бев многу вознемирен од прашањата, морам да го признаам тоа. Арсен беше многу дипломатски настроен и искрен во неговите одговори и заслужува големи пофалби за тоа.”

“Но јас воопшто немаше да бидам учтив како него доколку тие ми испрашуваа мене.”

извор:24 фудбал

Меси: Флорентино знае дека не треба да ми се јави

Аргентинската ѕвезда во редовите на Барселона, Лионел Меси вели дека ќе одговори на телефонскиот повик на Флорентино Перез но не очекува такво нешто бидејќи Перез знае дека тој не заминува од Ноу Камп

Меси вчере ги презентираше новите копачки на Adidas кој ќе ги носи на финалето од Лигата на Шампионите.

По презентацијата Меси одговараше на новинарските прашања и секако главна тема на медиумите од Шпанија е Флорентино Перез и неговата претседателска кандидатура во Реал Мадрид.

Меси беше запрашан дали ќе му се јави на Флорентино Перез доколку добие телефонски повик, а Аргенттинецот одговори позитивно.

“Дали би му кренал на Флорентино? Да секако дека ќе се јавам доколку ме побара Флорентино. Но се ќе заврши со тоа.”

“Сепак не мислам дека ќе се случи тоа. Тој е заинтересиран за други, исто така добри играчи а и јас не сакам да заминам од Барселона.”

“Мојата идеа е да останам во клубот. Дојдов тука како дете и тие ми дадоа се. Па затоа мислам дека Флорентини нема да ми се јави и тој го знае тоа.”


извор:спорт денес

Дали желбата ќе му се исполни

Тевес сака во Луверпул ???

12.05.2009

Напаѓачот на Манчестер Ј. Карлос Тевес сака веќе следното лето да си замине од оваа екипа и да се пресели во тимот на Ливерпул, пишува во денешниот број на весникот „Сан”.

Оваа информација е секако по серијата на изјави од страна на Тевес дека нема добар однос со менаџерот на Манчестер Ј. Фергусон кој никогаш не сметал дека е добро за неговиот тим да продава играч и тоа токму на Ливерпул кој е најголем конкурент на неговата екипа. Но ако Јунајтед во најскоро време не се обиде да разговара со Тевес тој по завршувањето на сезоната ќе стане слободен агенти ќе може да си замине во која екипа сака. Преди две години Фергусон не му дозволи на Габриел Хајнце да замине во Ливерпул, независно од тоа што сакаше да го продаде некаде.

Од Ливерпул се поврзале со менаџерската агенција која ги има правата над Карлос Тевес и веќе официјално потврдиле дека го сакаат во своите редови. Сега Фергусон треба веднаш да одлучи дали ќе потроши 30 милиони фунти за да го задржи Тевес во својата екипа или ќе дозволи тој да замине во една од екипите конкуренти за титулата и наредната сезона. извор(vilhil.com.mk)

Сафина со двоен триумф

ImageНајдобрата светска тенисерка во овој момент, 23. годишната русинка, Динара Сафина, е победничка на ВТА турнирот во Мадрид.

Во финалето Сафина ја совлада Данкињата Каролина Возниацки со 6-2 и 6-4 и ова е втор освоен ВТА турнир по ред за Русинката по оној од Рим минатата недела.

Возниацки, 11. тенисерка во светот, беше поразена по само еден саат и 49 минути борба. Сафина два пати направи брејк во првиот сет а еднаш во вториот а ги сочува брејк топките на противничката која ги имаше вкупно пет.

Триумфот во Мадрид е 11. освоен турнир за Сафина, а сезонава на земјена подолга има скор 14-1.

Со ова младата и атрактивна русинка е побогата за 620.000 евра и 1000 поени на своето конто.

уште една причина за разделба

Адебајор разочаран од фановите на Арсенал

19.05.2009

Напаѓачот на Арсенал, Емануел Адебајор, ги подгреа шпекулациите за негово заминување од „Емирати“ со изјавата дека буквално е разочаран од исвиркувањата на фановите на негова адреса. Тој потврди дека сериозно мисли за својата иднина, а најавите за трансфер во Милан се чинат многу реални.

„Навистина не можам да сфатам како пред мојата публика на домашен терен добивам свирежи од гледачите. Навистина не знаев што да направам. Не сум јас виновен што некој друг клуб се интересира за мене. Што можам јас против тоа“, изјавил Адебајор.

Првиот човек на Милан, Силвио Берлускони, во изјава за италијанска телевизија потврди дека скаути на Милан се во тесни преговори со менаџерот на Арсенал и очекува во летниот преоден рок репрезентативецот на Того да се пресели а „Сан Сиро“.

Роже конечно го совлада Надал

ImageВо нивниот 11-ти меѓусебен дуел на земјина подлога, "Кралот на земјата" по втор пат мораше да му ja стисне рака на швајцарскиот генијалец кој по еден час и 26минути покажа сепак нешто повеке од шпанецот. Швајцарецот Роџер Федерер е победник на АТП турнирот во Мадрид, на земјина подлога, а во финалето беше подобар од Рафаел Надал со 6:4, 6:4.
Федерер во текот на целиот натпревар имаше само две брејк топки, но и максимална реализација на истите. Во првиот сет му го одзема сервисот на најдобриот светски тенисер кај 4:4, а потоа со сигурен сервис-гем го потврди освоениот прв сет.
Вториот сет на Надал му понуди неколку шанси за надокнада на загубеното, поточно кај 2-2. На сервис на Швајцарецот, Надал имаше 0-30, но и во последниот гем, кога Федерер сервираше за меч имаше 15-40, но овојапт Надал не успеа да се врати.


Вкупно Надал имаше четири шанси за одзимање на сервисот на Федерер, но во сите четири остана со без вистинското решение, а со тоа ја прокоцка шансата да стане првиот тенисер по 1990година кој успеал да ги освои сите три земјени АТП турнири во иста сезона. Потсеќаме, во последните две недели Надал ги освои АТП Рим и АТП во Монте Карло.
Воедно, Надал ја пропушти и шансата да го освои својот 16-ти АТП трофеј во кариерата, а со тоа и да му се приближи на рекордерот Андре Агаси со освоени 17 АТП турнири. Вака Федерер, кој првата победа против Надал на земја ја имаше во Хамбург 2007година, бројот на својте АТП турнири го зголеми на 15.
Последните пет меѓусебни финалиња резултираа со победа на Надал (Австралија Опен, Вилболдон, Роланд Гарос, Хамбург , Монте карло), но овој пат подобар беше Федерер, кој со триумфот во Мадрид дојде со својот прв трофеј оваа сезона.

Нагетс во финалето на западот

Image

Денвер Нагетсс се пласираа во финалето од Западната Конференција по полуфиналната серија од 4:1 против Далас. Во петтиот дуел во Пепси Центарот одиграа натпревар без поголеми проблеми добивајќи го со 124:100.

Храбро најавуваа дека во Денвер не одат за да им го честитаат пласманот во финалето на Нагетси, туку дека се подготвени за чудо и пресврт на големите 3:0. Меѓутоа, Мавсите немаа доволно сили за таков подвиг. Денвер на свој терен повторно беше непобедлив, славејќи со 124:100 и со вкупни 4:1 се пласира во финалето од Западот каде ќе игра против Лејкерси или Рокетси.

За Денвер ова претставува првиот пласман во финалето уште од 1985-та година, а до истото стигнаа по навистина импресивна игра со се на се, два порази од девет одиграни меча во рамките од плеј-офот. Само Кливленд има подобра статистика на Истокот, бидејќи не им дозволи на своите противници да издвојат ниту една победа.

Дуелот број пет беше решен веќе во првото полувреме. Домаќинот започна силно со намера брзо да ги реши сите диелми во врска со прашањето за победникот и финалистот во конференцијата. Со одличните надворешни шута го уништија Далас и веќе на полувремето имаа 69:55. Со серијата од пет тројки од кои три беа на Џејсон Кид, Мавсите се вратија во игра а минус седум, а најблиску до изедначување беа на седум минути до крајот кога ја намалија разликата на 103:97.


Но, тоа беше се што можеа да го понудат на теренот. Денвер одговори преку Ентони и Билапс и го врати текот на натпреварот во „мирните води.“

Овој тим е од шампионски калибар. Имаат одлични шутери и голема шанса да стигнат до титулата.“ - призна по натпреварот тренерот на Далас, Рик Карлисл.

Клучен потег на патот до овој резултат беше направен на почетокот од сезонава кога во големат размена за Ален Ајверсон, беше доведен Чонси Билапс, а за тоа е свесен и Џорџ Карл: „Ален ни значи многу на сите, како и неговото семејство, но и тој е свесен дека ова е само работа. Чонси ни беше потребен и сами можете да видите дека одлично се адаптира натимот. Тоа беше одличен потег.“ - прокоментира Карл.

Заврши сонот на Бостон, Лејкерс во финале

Image

Тимот на Орландо му ја симна круната на Бостон во седмиот меч од полуфиналната серија (101:82) и се избори за пласман во финалето од Источната Конференција.

Триумф во „мајсторката“ на Западот однесе и Лос Анџелес Лејкерс, кој убедливо славеше против Хјустон со 89:70.

Турскиот репрезентативец Хидајет Туркоглу ги симна Селтиксите од тронот, кој во одлучувачкиот дуел во Бостон забележа најдобар натпревар оваа сезона. Тој постигна 25 поени (шут за два поени 5/7, шут за три поени 4/5, слободни фрлања 3/3), запишувајќи 12 асистенции и пет скокови.

Голем допринос во победата даде и Двајт Хауард со 12 погодоци, 16 украдени топки и дури пет блока, додека Рашард Луис запиша 19, а Рејфер Олстон 15 поени.

Во редовите на, сега веќе поранешниот шампион, се истакнаа Реј Ален со 23, Пол Пирс со 16 поени и Рејџон Рондо со десет коша и исто толку асистенции.


Неизвесноста околу вториот учесник во финалната серија на Западот траеше само едно полувреме, бидејќи домаќинот од Лос Анџелес на „голем одмор“ отиде со предност од 20 поени (51:31).

Најзаслужен за одличната игра на Лејкерси во седмиот меч против Хјустон беше По Гасол. Шпанскиот репрезентативец во потполност доминираше на паркетот со постигнати 21 поен, 18 скокови и три блокади. Во сенката на Гасол остана првата ѕвезда на домаќинот Коби Брајант со 14 погодоци, седум скокови и пет асистенции.

Во поразениот Хјустон најистакнат покрај останатите беше Арон Брукс кој и покрај доминантната игра на Лејкерси успеа да забележи 13 поени.


Во финалето на Истокот Орландо ќе се сретне со сезонава феноменалниот Кливленд, кој својата задача си ја заврчи во само четири меча. Финалната серија стартува ноќта меѓу среда и четврток, а Кавсите се домаќини во првите два меча.

За титулата на Западната Конференција ќе се борат Лејкерс и Денвер. Нивниот прв дуел на програмата е ноќта меѓу вторник и среда во Лос Анџелес.

Кака се договорил со Реал

ImageШпанскиот „Ас“ тврди дека Бразилецот Кака од следната година ќе игра во мадридски Реал откако ги договорил своите услови со председателскиот кандидат, Флорентино Перез. „АС“ јавува дека Кака договорил петогодишен договор со Реал кој ќе му носи 12 милиони евра по сезона.

„Деновите на Кака во Милан се одбројани, откако е постигнат договор со неговиот татко и менаџер, Боско Леито“, пишува спортскиот „АС“.

„АС“ исто така сугерира дека сега на потег е Милан, кој е спремен за продажба. Доколку поранешниот председател на Реал, Флорентино Перез на изборите на 14. биде повторно избран за председател, Кака ќе го гледаме на Сантијаго Бернабе

Засега сеуште нема одговор од Милан или од самиот Кака, кој во Јануари оваа година ја одби понудата од Манчестер Сити која исто така му нудеше 15 милиони евра по сезона.

Милито следна цел на Мурињо

ImageНапаѓачот на Џенова, Диего Милито, се очекува да стане првото засилување на „нераѕурите“ за наредната сезона.

Сега можеме да кажеме дека Милито се очекува да биде првото големо засилување на Интер“ - изјави Мурињо по победата над Сиена.

Потоа ќе купиме неколку играчи од средината на теренот и дефанзивец".

Од друга страна, претседателот на „нераѕурите“, Масимо Морати, беше малку попретпазлив во изјавите.

Секако дека ќе го засилиме тимот, но прво мораме да продадеме нешто, за да купиме квалитетни играчи, па така ќе имаме балансирана трансфер-кампања. Прво, мораме да ги идентификуваме нашите трансфер-цели, а потоа и да ги донесеме во нашиот тим. Слушнав и прочитав дека веќе сме потпишале со Милито, но сега не е време лудо да се трошат парите“ - рече тој за италијанските медиуми.

Дејвид Бентли ке си бара нов клуб

Дејвид Бентли со сигурност ќе ја напушти екипата на Тотенхем и следната сезона ќе мора да си побара нов клуб.
Англиските медиуми денеска соопштија дека менаџерот на тимот од Лондон, Хари Реднап, му соопштил на Бентли дека може преку својот менаџер да си побара нов клуб, а тој нема да му прави проблеми да си замине.
Бентли не успеа да се наметне во првиот избор на Реднап по неговото доаѓање во екипата. Крилниот напаѓач дојде на „Вајт Харт Лејн“ за сума од 15 милиони фунти минатото лето од екипата на Блекбурн. Останува Реднап да побара добра сума за него, а веќе редица клубови најавија интерес за овој фудбалер.
Покрај Бентли, на листата на фудбалери кои летово ќе го напуштат лондонскиот тим најверојатно ќе се најде и рускиот напаѓач Роман Пављученко. И тој не е по мерка на Реднап, кој со парите од Бентли и Пављученко ќе донесе две нови засилувања. Се споменуваше дека сигурно ново име во тимот ќе биде Сали Мунтари од Интер.

Раниери доби отказ...

Од италијанскиот фудбалски клуб Јувентус денеска соопштија дека го отпуштија тренерот Клаудио Раниери. Тимот до крајот на сезоната ке го води легендата на клубот, Чиро Ферара.
"Чиро Ферара е новиот тренер на Јувентус. Потврдуваме дека досегашниот тренер Клаудио Раниери доби отказ"- се наведува во официјалното клубско соопштение, притоа додавајки:
"Му се заблагодаруваме за сите работи кој ги направи во нашиот клуб во предходните две сезони. Чиро Ферара ке го превземе тимот веке денес(понеделник), и му посакуваме многу среќа."
Прес конференција во клубските простории на торинскиот клуб се очекува да биде денеска во вечерните часови.
Одлуката за отпуштање на Раниери дојде по уште еден неуспех на клубот во низа. Во неделата по седми пат во низа неговите играчи не запишаа победа во Серија А. Јувентус ремизираше на својот Олимпико, пред празни трибини, со Аталанта (2-2). Одлуката беше донесена по заедничкиот состанок на директорите Алесио Секо и Клод Блан.
Постои можност поранешниот капитен и стопер на Јувентус и Италијанската репрезентација, по обработените преостанати два натпревари да добие и перманентен договор за наредната сезона.

Monday, May 18, 2009

ФФМ доби 2,8 милиона евра од УЕФА

УЕФА одобри средства од програмата „Хет-трик“ во висина од 2, 8 милиони евра за изградба на тренинг-камп за репрезентацијата и административна зграда на ФФМ.
Апликацијата беше поднесена на 16 април во седиштето на Европската фудбалска куќа во Нион. Средствата се одобрени без комплетно изработен проект и со одобренија од надлежните институции, но клучен адут беше средбата и ветувањата на премиерот Никола Груевски дадени на мартовската средба со претседателот на УЕФА, Мишел Платини.
Претставник на УЕФА во мај ќе дојде во инспекција, а до септември се очекува да бидат комплетирани сите документи. ФФМ се надева дека со градежните работи ќе се почне кон крајот на 2009 година, а изградбата на кампот и на административната зграда ќе трае до крајот на 2010 година.
Ова е најдобрата вест за македонскиот фудбал и за Фудбалската федерација на Македонија. Одобрен е проектот од Нион и тоа значи голема соработка со УЕФА, нивна поддршка. Сето ова Платини го кажа и на состанокот со премиерот Никола Груевски, а Владата експресно изреагира и ни го додели земјиштето. Сето ова е една голема инвестиција во фудбалот“ - информира вчера генералниот секретар на ФФМ, Никола Костов.
Тренинг-комплексот, во кој ќе биде вклучена и административна зграда на ФФМ, ќе се протега на десет хектари во населбата Карпош 3, зад хотелот „Александар палас“. Целиот тој потег таму ќе биде исклучителен спортски дел, бидејќи веќе кај хотелот се наоѓа и базенот „Младост“, како и новата спортска сала „Борис Трајковски“. Во центарот ќе има пет фудбалски терени, од кои еден со вештачка трева, а еден и со трибини за 5.000 гледачи.
Четири терени ќе изгради АМС, од кои еден со вештачка трева, од нивниот проект 50 фудбалски игралишта, а другото ќе се покрие со парите на УЕФА. Сето тоа е доволно за да се заврши, со оглед дека Владата ни ја обезбеди локацијата без пари, а нè ослободи и од комуналиите за неа. Сè ќе биде насочено кон развој на фудбалот и ќе се добијат најоптималните услови. Тоа значи дека имаме еден нов почеток, но и една голема обврска, која ќе нè мотивира и охрабри во натамошната работа, но и која ќе даде нов импулс во соработката со УЕФА и со Владата“ - додаде Костов.

The image “http://sportdenes.com/images/slika/crtezcol.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Тренинг-комплексот нема да биде наменет само за националните селекции, туку и за екипите што ќе имаат потреба да го користат. Во рамките на центарот, каде што ќе биде сместено сè што е фудбалско заедно со економатот и едукативниот центар, кои сега се одвоени од централата, ќе бидат вклучени и други елементи, како фитнес-центар и сала за загревање, кои ќе бидат во рамките на теренот со трибини, а ФФМ очекува да изгради и минихотел и ресторан, кој ќе го користат сите селекции освен А-селекцијата.

Македонија ЃП нов македонски шампион

Македонија Ѓорче Петров е шестиот фудбалски шампион во самостојна Република Македонија. Се исполнија очекувањата дека дербито на „Градски“ од 30. коло ќе се претвори во пресметка на стариот и новиот првак.

По денешниот триумф "лавовите" од Ѓорче Петров остварија недостижна предност на табелата во однос на останатите екипи во Првата фудбалска лига на Македонија и имајќи предвид што се' се случуваше во досегашниот дел од првенството сосема заслужено, на три кола пред спуштање на завеста на домашните фудбалски терени ја прославуваат титулата.

Денешниот меч на нашиот најголем стадион, беше само увертира пред финалето од националниот Куп, во кој на 24 мај истите актери, но веруваме, со многу поразлични мотиви, ќе излезат на мегдан.
Многу значајни бодови во дербито од самото дно на табелата освои Пелистер и тоа во дуелот единствената екипа во лигата која има помалку бодови од "зелените". Денешниот пораз го доведе кичевскиот тим на прагот од промоција на единствената екипа која директно од следната сезона се сели во понизок ранг на натпреварување.
Хоризонт Турново пред своите гледачи ги подели бодовите со гостинот од Скопје, екипата на Металург, додека интересен натпревар, на кој без постигнати дури пет гола одиграа Милано и Силекс. Славеа Кумановци пред се благодарение на хет трикот на Глигоровски, додека два гола за кратонскиот тим постигна Ступиќ.
Ренова вчера одигра без голови на „Градски“ против Вардар. Стрелците потфрлија, а на второто реми во четвртиот меѓусебен натпревар сезонава на Вардар и на Ренова, најмногу се израдува Македонија Ѓорче Петров. По седмиот нерешен резултат на 14. гостување, тимот од Џепчиште и теоретски се дистанцира од можноста да го напаѓа шампионскиот пехар, а тоа важи и за Вардар кога е во прашање обидот да се нападне третата позиција на Милано.

Резултати, 30 коло, прва лига:

Пелистер - Напредок 3:1
/Главевски 24', Јандриќ 29', Димитровски 49' - Левков (п) 22'/

Работнички - Македонија ЃП 0:1
/Ивановски 85'/

Хоризонт Турново - Металург 1:1
/Георгиев 55' - Стефановиќ 47'/

Милано - Силекс 3:2
/Глигорвоски 24', 29', 50' (п) - Ступиќ 60', 80'/

Играно во сабота:

Вардар - Ренова 0:0

Табела:

1. Македонија ЃП 27 17 8 2 45 12 33 59
2. Милано 27 15 4 8 44 31 13 49
3. Ренова 27 13 10 4 34 22 12 49
4. Вардар 27 10 10 7 33 22 11 40
5. Работнички 27 10 8 9 36 25 11 38
6. Хоризонт Турново 27 8 9 10 21 35 -14 33
7. Силекс 28 8 8 12 35 39 -4 32
8. Металург 27 6 11 10 25 32 -7 29
9. Победа 27 7 7 13 28 44 -16 28
10. Пелистер 28 7 6 15 23 39 -16 27
11. Напредок 28 4 9 15 26 49 -23 21

Тренер на петлињата па селектор преку ноќ

КАКОВ Е ТОЈ СЕЛЕКТОР....Со бело знаме уште на стартотШто правиме ако по денот утрото се познава. Веднаш по одлуката на УО на ФФМ Мирсад Јонуз се појави на ТВ станиците. Во своето прво излагање како селектор најави: "Приоритет ќе биде да се создаде една позитивна атмосфера која беше разнишана пред натпреварот со Холандија. Добро ги познавам фудбалерите и сите тие добро го знаат мојот стил на работа. Мислам дека брзо ќе се вклопиме и ќе се обидеме да направиме што е можно подобри резултати до крајот на циклусот за СП".Сепак, она што не му требаше е тоа да се пофали дека неговата фамилија врти многу пари во бизнисот и дека затоа прифатил плата од 5.000 евра. Точно. Истата двојно помала од Катанец, но двојно поголема од онаа на Никола Илиевски - Џиџи, Ѓоре Јовановски па и Канатларовски. Но Јонуз уште неседнат на клупата почна да бара алиби."Сега сум поставен да го водам тимот во една невозможна мисија. Нема да има големи измени во тимот кој имаше и свои добри игри во минатото. Ќе има мали освежувања.". Тоа беа неговите зборови, а истите ги повтори и првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, кој има лоша математика. Според него, ни требале 10 бода за пласман на второто место. Двајцата се фатија за белото знаме, а треба да знаат дека Македонија има -3 бода зад второпласираната Шкотска, но и натпревар помалку. Со осум бода ќе бидеме конкурентни за бараж. Тоа се две победи дома и две нерешени на гости. Повторно и Јонуз и Харалампие имаат проблеми со бројките.