Tuesday, May 19, 2009

Нагетс во финалето на западот

Image

Денвер Нагетсс се пласираа во финалето од Западната Конференција по полуфиналната серија од 4:1 против Далас. Во петтиот дуел во Пепси Центарот одиграа натпревар без поголеми проблеми добивајќи го со 124:100.

Храбро најавуваа дека во Денвер не одат за да им го честитаат пласманот во финалето на Нагетси, туку дека се подготвени за чудо и пресврт на големите 3:0. Меѓутоа, Мавсите немаа доволно сили за таков подвиг. Денвер на свој терен повторно беше непобедлив, славејќи со 124:100 и со вкупни 4:1 се пласира во финалето од Западот каде ќе игра против Лејкерси или Рокетси.

За Денвер ова претставува првиот пласман во финалето уште од 1985-та година, а до истото стигнаа по навистина импресивна игра со се на се, два порази од девет одиграни меча во рамките од плеј-офот. Само Кливленд има подобра статистика на Истокот, бидејќи не им дозволи на своите противници да издвојат ниту една победа.

Дуелот број пет беше решен веќе во првото полувреме. Домаќинот започна силно со намера брзо да ги реши сите диелми во врска со прашањето за победникот и финалистот во конференцијата. Со одличните надворешни шута го уништија Далас и веќе на полувремето имаа 69:55. Со серијата од пет тројки од кои три беа на Џејсон Кид, Мавсите се вратија во игра а минус седум, а најблиску до изедначување беа на седум минути до крајот кога ја намалија разликата на 103:97.


Но, тоа беше се што можеа да го понудат на теренот. Денвер одговори преку Ентони и Билапс и го врати текот на натпреварот во „мирните води.“

Овој тим е од шампионски калибар. Имаат одлични шутери и голема шанса да стигнат до титулата.“ - призна по натпреварот тренерот на Далас, Рик Карлисл.

Клучен потег на патот до овој резултат беше направен на почетокот од сезонава кога во големат размена за Ален Ајверсон, беше доведен Чонси Билапс, а за тоа е свесен и Џорџ Карл: „Ален ни значи многу на сите, како и неговото семејство, но и тој е свесен дека ова е само работа. Чонси ни беше потребен и сами можете да видите дека одлично се адаптира натимот. Тоа беше одличен потег.“ - прокоментира Карл.

No comments:

Post a Comment