Monday, May 18, 2009

Тренер на петлињата па селектор преку ноќ

КАКОВ Е ТОЈ СЕЛЕКТОР....Со бело знаме уште на стартотШто правиме ако по денот утрото се познава. Веднаш по одлуката на УО на ФФМ Мирсад Јонуз се појави на ТВ станиците. Во своето прво излагање како селектор најави: "Приоритет ќе биде да се создаде една позитивна атмосфера која беше разнишана пред натпреварот со Холандија. Добро ги познавам фудбалерите и сите тие добро го знаат мојот стил на работа. Мислам дека брзо ќе се вклопиме и ќе се обидеме да направиме што е можно подобри резултати до крајот на циклусот за СП".Сепак, она што не му требаше е тоа да се пофали дека неговата фамилија врти многу пари во бизнисот и дека затоа прифатил плата од 5.000 евра. Точно. Истата двојно помала од Катанец, но двојно поголема од онаа на Никола Илиевски - Џиџи, Ѓоре Јовановски па и Канатларовски. Но Јонуз уште неседнат на клупата почна да бара алиби."Сега сум поставен да го водам тимот во една невозможна мисија. Нема да има големи измени во тимот кој имаше и свои добри игри во минатото. Ќе има мали освежувања.". Тоа беа неговите зборови, а истите ги повтори и првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, кој има лоша математика. Според него, ни требале 10 бода за пласман на второто место. Двајцата се фатија за белото знаме, а треба да знаат дека Македонија има -3 бода зад второпласираната Шкотска, но и натпревар помалку. Со осум бода ќе бидеме конкурентни за бараж. Тоа се две победи дома и две нерешени на гости. Повторно и Јонуз и Харалампие имаат проблеми со бројките.

No comments:

Post a Comment