Романтичарите вчера на Градски го совладаа овогодинешниот шампион Македонија Ѓорче петров и тоа по изведувањето на пенал рулетот во кои играчите од дебар маало имаа повеќе среќа.Ѓорчевци први поведоа со голот на Клечкаровски , но во 90 мин израмни Сашко Пандев братот на многу попознатиот наш интернационалец Горан Пандев.Се замина на продолженија кои не донесоа ништо поинтересно па се прејде кон изведување на пенали во кои клучниот пенал за Македонија го промаши играчот Даниел Јовановски.

Меѓутоа она што сакав да го напишам е сосема од друга гледна точка а тоа е дали овие екипи заслужија да играат во финалето на купот на македонија.Според вчерашната престава тоаа воопшто не е заслужено , затоа што присутните актери не прикажаа ништо со што го оправдаа присуството во финалето.Она што го видоа гледачите на градскиот стадион вчера меѓу кои бев и јас беше многу прекини, лежење,виткање по теренот односно се друго освен фудбал за кои беа дојдени.И тука веднаш се поставува прашањето до каде ке стигнат мак екипи во европа кога покажуваат многу слаб квалитет, односно кога една екипа која е шампион прикажува игра како второлигаш и што ке се случи кога ке се сретнат со останатите екипи од другите земји кои исто така се шампиони.За ова треба да се запраша ФФм и да превземе нешто конкретно за подобрување на ситуацијата инаку јасно е што не очекува а тоа е ДЕБАКЛ..За организацијата на стадионот да не зборуваме тоа се опишува со еден збор КАТАСТРОФА , врне од сите страни , покрив има само на една трибина , накиснати навивачи кои одвај чекаат да преврне за да се вратат на стадион и после Хари ке се прашува зошто нема публика на стадионите.Епа хари среди ја малку ситуацијата и можеби публиката ке се врати на стадионите.Замислите се ова се случува на Градски нашиот најдобар стадион а штом е тука така може да сватите што се случува на другите стадиони, Можеби и се игра на ливади меѓутоа ова не е за потсмев туку треба да се свати сериозно работата и да се превземе нешто во врска со конкретниот случај бидејќи очигледно е дека тие што се задолжени за тоа немаат намера да превземат нешто во скоро време , а сепак добиваат и понатака подршка од народот подршка која негативно се одразува на резултатите и квалитетот на лигата.Од сето ова губи само македонскиот фудбал








Долгогодишниот тренер на Арсенал ,Арсен Венгер во една своја изјава вели дека клучната разлика меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона во финалето од лигата на шампионите ќе биде во одбраната.Тој вели дека цврстата одбрана на Манчестер и нивната способност да казнуваат од контра напади е еден голем плус во едно финале."Манчестер треба да го направи она што го направи Челзи во полуфиналето,да го неутрализира нападот на Барселона и да ги сведе шансите за гол на минимум."вели французинот за официјалната страна на Арсенал.Но вака можеби тој би ја поставил играта на својот тим
,за разлика од него Сер Алекс Фергусон не размислува толку дефанзивно и има 10 дена да ги одмори своите играчи пред финалето.Тој најавува игра својствена за Јунајтед со брзи контри и многу шанси кон голот на Барселона.На нас ни останува да се надеваме дека ќе гледаме право финале со многу фудбалска убавина.
Најдобрата светска тенисерка во овој момент, 23. годишната русинка, Динара Сафина, е победничка на ВТА турнирот во Мадрид.
Во нивниот 11-ти меѓусебен дуел на земјина подлога, "Кралот на земјата" по втор пат мораше да му ja стисне рака на швајцарскиот генијалец кој по еден час и 26минути покажа сепак нешто повеке од шпанецот. Швајцарецот Роџер Федерер е победник на АТП турнирот во Мадрид, на земјина подлога, а во финалето беше подобар од Рафаел Надал со 6:4, 6:4.

Шпанскиот „Ас“ тврди дека Бразилецот Кака од следната година ќе игра во мадридски Реал откако ги договорил своите услови со председателскиот кандидат, Флорентино Перез. „АС“ јавува дека Кака договорил петогодишен договор со Реал кој ќе му носи 12 милиони евра по сезона.
Напаѓачот на Џенова, Диего Милито, се очекува да стане првото засилување на „нераѕурите“ за наредната сезона. 

Македонија Ѓорче Петров е шестиот фудбалски шампион во самостојна Република Македонија. Се исполнија очекувањата дека дербито на „Градски“ од 30. коло ќе се претвори во пресметка на стариот и новиот првак. 



