Tuesday, May 19, 2009

Фергусон со втор тим ќе гостува кај Хал

Сер Алекс Фергусон вели дека со резервниот тим ќе настапи на гостувањето кај Хал, бидејќи следната среда Јунајтед го игра финалето од Лигата на Шампионите против Барселона во Рим
На Хал му е потребна победа против Манчестер Јунајтед за да го осигура опстанокот во Премиер лигата следната сезона.

Фудбалерите на Фил Браун можат да опстанат и со реми, па дури и со пораз во зависност од резултатот на Њукасл против Астон Вила.

Позитивни вести за Хал стигнуваат од Сер Алекс Фергусон кој ќе ги одмори своите најдобри фудбалери за финалето од Лигата на Шампионите против Барселона.

Сепак и резервниот состав на Јунајтед е доволно силен за да го совлада Хал.

"Ова е најдобриот состав кој некогаш сум го имал" - изјави Фергусон.

"Можам да извадам два тима, и тоа ќе се види во недела".

"Имам фантастичен состав од 28-29 фудбалери од кои можам да одбирам, меѓу нив се, Македа, Велбек, Посебон и близнаците Да Силва".

"Знам дека тие се млади, но се многу добри фудбалери. Мораме да бидеме сигурни дека во финалето во Рим ќе излеземе со свеж тим, веќе ја освоивме Премиер лигата па можеме да го направиме тоа" - изјави Фергусон.

извор:24 фудбал

No comments:

Post a Comment