Monday, May 25, 2009

Интернет навивачи или сепак мрзи

Интернет навивачи или кога компјутерите ќе ја заменат трибината. Проблем што се јавува не само во македонскиот интернет простор туку и на сите останати навивачки форуми.
Може ли да се дефинира интернет навивачот? Многу тешко. Но затоа може да се издвојат некои карактеристики кои не треба да ги красат оние што самите се нарекуваат фанови.
Прво и основно, воопшто не го разбираат значењето на интернетот како медиум кој може да им послужи како место каде ќе ја презентираат својата работа, ќе се споредат со другите, ќе го кажат своето мислење, ќе изнесат аргументи, некогаш ќе влезат во расправија. Напротив тие го користат интернетот како примарен медиум преку кој ќе ги одвиваат сите свои активности често без никакво присуство на самиот стадион. Мислат дека тоа што го пишуваат е исто како реално да се случило. Навивачкиот живот е повеќе од седење пред компјутер и посетување на веб страни. Тоа не те прави навивач. Ултрас, уште помалку.
Љубовта кон клубот е она што те води. Како ли може да се навива за неколку клубови истовремено? Можеби да симпатизираш да, но сакаш само еден. Добро, претежно се тие деца кои немаат повеќе од 17-18 години, но тие се оние кои треба некогаш да бидат на првите редови на трибината. Како ли да се објасни тоа што избираат гледање на фудбал на ТВ пред одење на стадиони? Или, зошто не беше на натпревар? „Не ме пуштаа од дома“, „Ладно беше“ .... Па едно од најважните навивачки правила е секогаш со својот клуб без разлика на приликите, меѓутоа очигледно за тоа кај нас нема доволен интерес или пак реално мак фудбалот не заслужува да има навивачи според квалитетот кој го дава.
Треба да живееш за денот на натпреварот.
Навивач не те прави ниту тоа ако правиш некоја акција само за да ја презентираш на интернет. Кореографиите, знамињата, транспарентите се прават заради клубот и да се мотивираат играчите, да се направи подобра атмосфера. Мене апсолутно ништо нема да ми значи некоја порака ако никој не ја види на стадион.
Биди пријател со сите на интернет. Непријателството остави го за на трибина,покажување на твоето право лице на трибина е нешто со што треба да се гордееш.
Самиот одлучи , биди независен, биди свој ОДИ НА ТРИБИНА

No comments:

Post a Comment