Tuesday, May 19, 2009

Раниери доби отказ...

Од италијанскиот фудбалски клуб Јувентус денеска соопштија дека го отпуштија тренерот Клаудио Раниери. Тимот до крајот на сезоната ке го води легендата на клубот, Чиро Ферара.
"Чиро Ферара е новиот тренер на Јувентус. Потврдуваме дека досегашниот тренер Клаудио Раниери доби отказ"- се наведува во официјалното клубско соопштение, притоа додавајки:
"Му се заблагодаруваме за сите работи кој ги направи во нашиот клуб во предходните две сезони. Чиро Ферара ке го превземе тимот веке денес(понеделник), и му посакуваме многу среќа."
Прес конференција во клубските простории на торинскиот клуб се очекува да биде денеска во вечерните часови.
Одлуката за отпуштање на Раниери дојде по уште еден неуспех на клубот во низа. Во неделата по седми пат во низа неговите играчи не запишаа победа во Серија А. Јувентус ремизираше на својот Олимпико, пред празни трибини, со Аталанта (2-2). Одлуката беше донесена по заедничкиот состанок на директорите Алесио Секо и Клод Блан.
Постои можност поранешниот капитен и стопер на Јувентус и Италијанската репрезентација, по обработените преостанати два натпревари да добие и перманентен договор за наредната сезона.

No comments:

Post a Comment