Tuesday, May 19, 2009

Хил Вуд: Венгер останува во Арсенал

Претседателот на Арсенал, Питер Хил Вуд не е загрижен од можноста да го загубат Арсен Венгер кој е цел на Реал Мадрид

Венгер цврсто се поврзува со преселба во Реал ова лето, откако претседателскиот кандидат Флорентино Перез посакува Французинот да биде следниот тренер на тимот.

Менаџерот на Топџиите ги подгреа шпекулациите откако во неделата изјави дека проектот на Перез би бил интересен за секој тренер.

Венгер минатата недела на состанокот на акционерите на Арсенал беше критикуван поради тоа што веќе четврта сезона по ред клубот останува без трофеј.

Хил Вуд застана во одбрана на стратегот и нападна дел од критичарите на тој состанок, но е убеден дека тие нема да влијаат врз иднината на Арсен Венгер на Емирати.

“Не сум загрижен поради тоа.” – рече Хил Вуд за Daily Star. “Арсен е тука и има договор со нас (до 2011), и сигурен сум дека така и ќе остане и во иднина.”

“Мислам дека тој е доволно голем за да прифати дека неколку луѓе не се подготвени да бидат разумни.”

“Мислам дека сите треба да прифаќаме критики, но очекувате тие да бидат разумно конструктивни, а не деструктивни.”

Претседателот на Арсенал исто така го пофали Венгер за начинот на кој се справил со ситуацијата на состанокот на акционерите.

“Искрено, некои од прашањата беа прилични скандалозни.”

“Го имаме нашиот најуспешен менаџер во историјата и двајца или тројца акционери дадоа многу негативни и на некој начин нападни и саркасатични коментари, за кои мислам дека не беа на место.”

“Бев многу вознемирен од прашањата, морам да го признаам тоа. Арсен беше многу дипломатски настроен и искрен во неговите одговори и заслужува големи пофалби за тоа.”

“Но јас воопшто немаше да бидам учтив како него доколку тие ми испрашуваа мене.”

извор:24 фудбал

No comments:

Post a Comment